Готвач откри кои делови од пилешкото се најзатруени со хемикалии

пилешко месо
фото: pexels

Покрај свинското, пилешкото месо спаѓа во една од најпопуларните намирници од животинско потекло. Готвачот Сергеј Синицин откри кои делови од пилешкото се најзатруени со хемикалии.

Иако е малку калорично (ако се јаде без кожата), нутриционистите истакнуваат дека не поседува премногу хранливи материи, како на пример, говедското или мисиркиното месо.

Секако, ако зборуваме за природно одгледувана живина и месо што не се наполнети со адитиви. Ако тоа не е случај, односно ако купувате месо од супермаркет, експертите предупредуваат на одредени делови од пилешкото месо, каде што оваа „хемија“ повеќе се задржува.

Првото нешто што е важно да се знае е дека живината не е имуна на инфекциите типични за луѓето. Затоа, тие советуваат дека ако набавите месо од непроверени извори, не треба да земате внатрешните делови од пилешкото месо, во кое се акумулираат штетните адитиви со кои се третирало животното, како и паразити.

Најкорисно и најздраво е белото месо, но секако се препорачува да биде добро термички обработено, за да се уништат сите можни патогени.

Најдобро е да го варите месото во две води – прво варете пет минути, а потоа процедете ја зовриената вода и ставете го месото во друга во која тоа ќе се свари до крај.

Ве советувам прво да го сварите месото, за да не се грижите за паразитите и големата количина антибиотици со која е полнето“, советува готвачот Сергеј Синицин.

Тој препорачува и при купувањето на месото, прво да го помирисате – ако почувствувате мирис на хемикалии, откажете се, во таквото месо нема здрави состојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот