Готово за 10 минути: Направете си едноставна ладна супа од краставици и јогурт

Фото: Pixabay

Не ви се готви? Имаме совршена идеја за вас, која нема да ви одземе многу време. Само измешајте неколкуте состојки, добро зачинете ги и послужете ја оваа супа како ладно предјадење или лесен ручек.

Потребни состојки:

– 2 поголеми краставици
– 400 мл грчки јогурт
– 1 лажица маслиново масло
– свеж копар
– малку сок од лимон
– сол и црн пипер

Подготовка:

Краставиците ситно исечкајте ги или изблендирајте ги, измешајте ги со јогуртот, додаjте го маслиновото масло, сечканиот копар, сокот од лимон и магдоносот. Зачинете со сол и бибер, добро измешајте и послужете ладно. Супата можете да ја послужите и во комбинација со чаден лосос. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот