Готово: Спалети ќе биде новиот тренер на Елмас и Наполи!
Тренерската „вртелешка“ во Италија продолжува, Масимилијано Алегри се врати во Јувентус, Интер би требало да го промовира Симоне Инзаги, а наскоро нов кормилар се очекува да добие и Наполи во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Како што известува експертот за трансфери Фабрицио Романо на својот Твитер профил, нов тренер на „наполитанците“ ќе биде Лучано Спалети.
Во својата објава вели дека 62-годишниот италијански стратег потпиша договор кој ќе трае до јуни 2023 година.
Своите најголеми успеси во Италија ги имаше со Рома, двапати освојувајќи го Купот на Италија, а еднаш и Суперкупот на таа земја.
Спалети ќе биде наследникот на Џенаро Гатузо кој својата тренерска кариера ја продолжува во Фиорентина.
Luciano Spalletti will be the new Napoli manager, confirmed. He has just signed his contract until June 2023. Done and completed. 🔵 @SkySport #Napoli
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2021