Готово: Му се оствари желбата на Конте, доаѓа Џеко!

EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Околу ваков трансфер се шпекулираше во изминатиот период, а сега медиумите од Апенините пренесуваат дека сè е готово.

Џеко има уште една година од договорот со Рома, до сега немаше разговори околу продолжување на соработката, па остана јасно дека ова лето ќе го промени клубот.

Во „Вечниот град“ дојде пред четири години за 15 милиони евра од екипата на Манчестер сити. Оваа сезона босанскиот интернационалец за римскиот клуб постигна 14 голови и запиша 11 асистенции во 39 натпревари, со девет погодоци во Серија А.

На „Џузепе Меаца“ би биле повторно тимски колеги со Раџа Наинголан кој минатото лето го замени Рим со Милано.

На клупата на Интер ова лето ќе седне Антонио Конте, јасно е дека негова желба беше Един Џеко чии услуги ги посакуваше и во Челзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот