Готово: Меси ќе потпише договор на две години со ПСЖ

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Како што известува Фабрицио Романо на својот Твитер профил, Лионел Меси во новата сезона ќе го облече дресот на ПСЖ.

Овој извор вели дека двете страни се согласија Аргентинецот да потпише договор на две години со францускиот клуб.

Во договорот ќе има опција за продолжување на истиот до јуни 2024 година.

За еден од најдобрите играчи на светот вклучена е плата околу 35 милиони евра нето по сезона.

Меси дефинитивно го прифати предлогот за договор со ПСЖ и ќе биде во Париз во следните часови.

Барселона не се откажува од својот најдобар фудбалер Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот