Готово: Меси ќе добие нов договор, но и помали плати во Барселона!

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Лионел Меси, првата фудбалска ѕвезда на Барселона, донесе одлука да остане на „Камп Ноу“, информираат шпанските медиуми.

Аргентинецот се согласил за нов договор на една година со каталонскиот клуб, со намалување на платите. Важечкиот договор на Меси со Барса истекува на 30 јуни 2021 година, но еве по долго размислување најверојатно одлучил да остане.

Како што пренесува „COPE“, Меси му соопштил на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта дека е подготвен да потпише едногодишен договор и да ги намали неговите плати за да му помогне на клубот да не ја надмине лимитираната плата.

Тој очигледно се консултирал со „Ла Лига“ околу договорот и ќе го следи со потпишување на уште една година во 2022 година.

Претседателот на „Ла Лига“, Хавиер Тебас оваа недела ја предупреди Барса дека се соочуваат со одлука за иднината на Меси.

– Барселона го надмина својот платен износ. Се надевам дека ќе можат да го задржат Меси, но за да го сторат тоа, ќе мора да направат кратења – вели Тебас.

Ограничувањето на платата е намалено поради ефектите на пандемијата со ковид-19 врз клубовите. Меси моментално се натпреварува на Копа Америка со Аргентина и забележа рекордно изедначување на 147 натпревар во победата над Парагвај со 1:0.

Како што е веќе познато Барселона во изминатиот период успеа да ангажира две звучни имиња кои треба да биде страв и трепет за секоја противничка одбрана, Мемфис Депај и Серхио Агуеро, секако заедно со Меси и Антоан Гризман, а да не го заборавиме и младиот талентиран Ансу Фати.

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот