Готово: Филип Костиќ е нов фудбалер на Јувентус

Филип Костиќ/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Српскиот репрезентативец утре и официјално ќе стане фудбалер на италијанскиот гигант Јувентус.

Во текот на денешниот ден, Јувентус и Ајнтрахт Франкфурт ги договорија сите детали околу отштетата и бонусите и се очекува утре изутрина Костиќ да пристине во Торино на лекарски прегледи по што ќе следува и потпишување на договорот и официјална промоција на Србинот во италијанскиот тим.

Трансферот ќе изнесува помеѓу 16 и 18 милиони евра плус бонуси, а Костиќ ќе потпише повеќегодишен договор со Јувентус.

Костиќ во Јувентус ќе му се приклучи на репрезентативниот колега Душан Влаховиќ и ќе биде четврто засилување во летниот преоден рок на „старата дама“ по Пол Погба, Анхел ди Марија и Глеисон Бремер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот