Готово: Донарума од следната сезона нов голман на ПСЖ!

epa08579671 Milan's goalkeeper Gianluigi Donnarumma saves a shot during the Italian Serie A soccer match AC Milan vs Cagliari Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

После долг период на неизвесност денеска излегуваат нови информации дека италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума наскоро ќе биде нов голман на ПСЖ.

Како што пренесува експертот за трансфери на својот Твитер профил, Фабрицио Романо досегашниот чувар на мрежата на Милан ќе ја продолжи кариерата во Франција.

Се очекува новиот играч на париските „светци“ следната недела да ги има лекарските прегледи. Поточно најверојатно тоа ќе го направи по дуелот меѓу Италија и Швајцарија во среда.

Договорот со францускиот шампион до јуни 2026 година е скоро комплетиран помеѓу неговите адвокати и челниците на ПСЖ.

22-годишниот италијански голман од 2015 настапуваше за Милан, со „росонерите“ во 2016 година го освои трофејот во Суперкупот на Италија. Во изминатите две години беше прогласуван за најдобар голман во неговата земја.

Видео на денот