Готово: Барса има нов голман (ФОТО) - Слободен печат
СпортФудбал

Готово: Барса има нов голман (ФОТО)

Уште едно прашање е решено на „Камп Ноу“, бразилскиот чувар на мрежата Нето ќе ги брани боите на Барселона од наредната сезона.

Иако во еден момент делуваше дека од Валенсија за трансферот на Јаспер Силесен добија само пари, Барса експресно најде нов чувар на мрежата.

Од „Местаља“ на „Камп Ноу“ официјално доаѓа Нето кој според најавите би требало да биде алтернатива за Тер Штеген.

Барселона заработи 35 милиони евра од продажбата на Силесен, но истите пари ги плати на Валенсија за услугите на Нето.

Таков очигледно бил договорот, Барса успеа сепак да одложи дел од плаќањата, ќе уплати првин 26 милиони евра до Валенсија, а девет милиони се резервирани за бонуси.

Поранешниот голман на Јувентус и Фиорентија со Барса ја потврди соработката која ќе трае до лето 2023 година и со откупна клаузула од 200 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close