Готов за 5 минути: Сладолед од кикирики и чоколадо со четири состојки

сладолед
Сладолед / Фото: Pexels / Кrisztina Papp

Летните горештини пристигнаа, а кога ќе се вклучи климата, никој не сака да прави десерти за кои се потребни премногу состојки. Секој бара нешто што брзо се подготвува и ќе нè освежи. Токму таков е случајот со сладоледот од кикирики и чоколадо, за кој ќе ви требаат само четири состојки, а потоа додека чекате сладоледот да се стврдне во фрижидер, можете да направите посебен прелив од сезонското овошје кој одлично ќе одговара со леденото уживање.

Можете лесно да набавите кондензирано млеко во кој било голем супермаркет или специјализирана продавница. Дополнително, овој сладолед можете да го направите во веганска варијанта доколку користите некој друг крем од растителна основа или пак можете целосно да го елиминирате додатокот на млеко и да користите банана која на сладоледот ќе му даде густина. А наместо путерот од кикирики, можете да користите и путер од бадем, лешник или индиски ореви.

Потребни состојки:

– 250 мл слатка павлака
– 200 мл кондензирано млеко
– 130 г путер од кикирики
– чоколадо
– прстофат сол
– екстракт од ванила (опционално)

Начин на подготовка:

Во сад измешајте ја ладната слатка павлака додека не стане густа. Измешајте со кондензираното млеко и путерот од кикирики кои прво сте ги измешале. Додадете екстракт од ванила и сол по желба. Префрлете сè во сад за замрзнување, додадете ги парчињата чоколада и ставете во замрзнувач 2 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот