„Готен“ го објави романот „Циганин, ама најубавиот“ од Кристијан Новак

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Циганин, ама најубавиот“ од хрватскиот писател Кристијан Новак. Станува збор за еден од најнаградуваните хрватски романи во последните години, добитник на најрелевантните награди за проза во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Владимир Јанковски. Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

„Циганин, ама најубавиот“ е роман кој може да се чита како криминалистички роман, љубовна приказна, општествена критика, како и филозофски роман за тоа колку нештата навистина се такви какви што изгледаат. Протагонистите сочинуваат интригантна галерија од ликови кои ги препознаваме од нашите стравови во секојдневието. Но, она што од овој роман прави неповторливо читателско искуство е мајсторскиот начин на кој тие се вклопени во приказната.

Кристијан Новак (1979) е хрватски писател, лингвист и универзитетски професор. Првиот роман „Обесените“ го објавува во 2005 година, во 2013 следува „Црна мајка земја“, а во 2016 романот „Циганин, ама најубавиот“. Според „Циганин, ама најубавиот“ е настаната и театарска претстава во продукција на Хрватскиот народен театар во Загреб, во адаптација на Ивор Мартиниќ, а во режија на Ивица Буљан.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 106, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот