Гостување онлајн: Велешкиот театар ќе учествува на фестивалот „Град“

Народниот театар „Јордан Х. К. Џинот“ од Велес со интернет-перформансот „Тој и Таа“ ќе учествува на Интернационалниот фестивал „Град“ во Сараево, кој оваа година се одвива под мотото „Град – моj дом“. Фестивалот ќе се одржи во периодот од 7 до 21 септември, а интернет-перформансот „Тој и Таа“ е селектиран во категоријата „Визуелни уметности“.

Овогодишното четврто издание на фестивалот е креативен предизвик за нови средби на уметниците, публиката и медиумите, односно враќање на урбаната комуникација и социјална блискост, но поради светската пандемија со вирусот ковид-19 ќе биде со изменет формат, односно поголемиот дел од програмата ќе биде претставен онлајн, а ќе се претстават уметници од повеќе земји во светот, како Шпанија, Хрватска, Мексико, Франција, Италија, Белгија, САД и други.

Интернет-перформансот „Тој и Таа“ беше реализиран во периодот април/август 2020 година, осмислен како производ на интернет-културата во време на вирус. Режијата е на Деан Дамјановски, драматургијата на Сашо Димоски, видеодизајнот на Филип Коруновски, а учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот