Гостиварската болница со нова шема за работа

Медицинскиот персонал во гостиварската болница ќе работи во еднонеделни смени. Новата мерка која болничката управа ја презеде треба да спречи затворање на одделенија при случај на појава на инфицирани со Ковид19.

За да се обезбеди непречена работа, раководството на општата болница „ Др Ферид Мурад” од денеска па во наредниот период спроведува нов принцип на работа по одделенијата.

– Станува збор за вонредна мерка со кои ќе ги заштитиме и вработените. Работата на одделенијата ќе се одвива во групи. Па така, една група ќе биде на работа една недела, а втората ќе биде во резерва. Тие меѓусебно на дневна основа нема да контактираат. Ова е важно доколку дојде до инфекција на некој од вработените, да не се соочиме со затворање на одделение и пациентите да останат незгрижени, изјави Јакуп Јакупи директор на болницата.

Влезот во болницата со воведувањето на посебните мерки е ограничен, а се вршат епидемилошки анкети и мерки за дезинфекција.

Општата болница е најголемата здравствена установа со над 500 вработени и пружа услуги на граѓаните од гостиварскиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот