Гостиварка го пријавила сопругот дека ја принудувал на проституција

Жртвата пријавила дека сопругот ја принудувал на сексуален однос со негов другар.

Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција.

Дваесетгодишна гостиварка вчера, околу 22 часот пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар кој му плаќал и одреден паричен надоместок на сопругот.

Од полицијата известија дека и двајцата, сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот вчера биле уапсени и спроведени во полициската станица во Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот