Гостиварец натепал девојка, полицијата го лишила од слобода

Дваесетгодишен гостиварец синоќа е лишен од слобода откако бил пријавен дека во два наврати тепал девојка и најверојатно ќе биде осомничен за физичко насилство.

Според СВР Тетово, вчеравечер (12 јануари) околу 22 часот и 45 минути на улица „Ленинградска” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.М. (20) од Гостивар. Тој, претходно во два наврати на улиците „Мара Угринова” и „ЈНА” во Гостивар, физички ја нападнал гостиварката А.М. (22) од сè уште непознати причини.

М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот