Гостиварец нападнат од две лица: Откако побегнал му го искршиле моторот и кацигата

Македонска полиција / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Готивар поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд Гостивар против две лица за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 29 и 31 година, на 1 јули 2020 година околу 19:50 часот во Гостивар ја загрозиле сигурноста на оштетениот вршејќи врз него грубо насилство. Откако оштетениот кој управувал со моторцикл, запрел до домот на негов другар за да земе кацига и јакна, до него пристигнале двајцата обвинети со возило Ауди А8. Еден од обвинетите со бокс го удрил оштетениот по кацигата по што му се придружил и другиот обвинет. Откако оштетениот го оставил моторот и побегнал кон блиското училиште, обвинетите потрчале по него. Бидејќи не спеале да го стигнат, се вратиле и почнале да го кршат моторот и кацигата на оштетениот, со што кај присутните граѓани предивикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот