Гостиварец нападнал медицинско лице и кршел инвентар во болница

Полицијата повикала на разговор бидејќи вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница и нападнал медицинско лице.

Според СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот