Дваесетгодишнк од гостиварско Неготино синоќа бил приведен поради сомнение за фалсификувани пари.
Тој вчера околу 20.40 часот на бензинска пумпа на излезот од Гостивар при наплата употребил фалсификувана банкнота од 100 евра, а случајот во 21.55 часот во СВР Тетово го пријавил С.Р.(46) од Гостивар, велат од МВР.
Се работи на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.