Гостиварец ја усмртил сопругата со нож и секира, ја пронашол синот

Фото: Илустрација

65-годишен маж ја прободел својата 60-годишна сопруга со нож, а потоа и со секира.

Рано утрово во 6:50 часот В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60), соопшти МВР.

Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил.

„Во населбата Бањишница 1 во Гостивар, 33 годишниот В.И од Гостивар, пријавил дека во една од собите во куќата, ја пронашол својата мртва мајка. Како осомничен за ова убиство е неговиот татко, кој моментално е во бегство“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово за Алсат. 

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот