Гостиварец го пронашол мртов својот татко

Македонска полиција/ Фото: Миа

Во Полициската станица Гостивар, вчера во 13.55 часот Д.К(37) пријавил дека во куќа на ул.„ЈНА” во Гостивар го пронашол починат неговиот татко К.И.(68) од Гостивар, кој според пријавеното имал претходни здравствени проблеми, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот