Гостиварец барал пари од свој сограѓанин, се заканувал дека ќе му наштети на честа и угледот

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М.(46) од село Добридол, гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“, информира МВР.

-На 09.10.2020, З.М. од својот мобилен телефон преку пораки уценувал 33-годишник од село Градец, гостиварско, дека ако не му плати одредена сума на пари ќе објави материјали кои ќе му наштетат на честа и угледот на оштетениот- стои во дневниот билтен на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот