Гостивар се израмни со ТФТ, четири екипи го делат врвот во Првата лига

еуро никел гостивар 2
Гостивар ја запиша петтата победа сезонава во кошаркарскиот шампионат/Фото: kfsm.mk

Денеска во рамките од седмото коло во Првата македонска кошаркарска лига составот на Гостивар како домаќин со конечен резултат го совлада ТФТ со 89:75.

По изедначеното прво полувреме во кое гостите ја добија првата, а домаќините втората четвртина, во продолжението Гостивар беше далеку подобар ривал. Стигна до петтиот триумф во седум одиграни кола, колку што има и ТФТ.

Доста израмнет почеток беше виден вечерва во Гостивар, 10 минути во кои двете екипи се менуваа во водството, но ниту една од нив не направи некоја посериозна предност. На крајот, гостите од Скопје имаа два поени повеќе (21:19).

Малку поинаку излегаа работите во вториот период од играта. Оној во кој гостиварци со помош на Ворку и Дејли, конечно успеаа да се одвојат резултатски. Во две минути стигнаа до сосема солидно водство (47:42). Во продолжението од играта, Гостивар стигна и до двоцифрена предност. Пред крајот на третата четвртина, домаќините имаа плус 10 (66:56).

Ворку доби помош од искусниот Јанески, по чии поени, Гостивар беше уште поблиску до победата. Имаше домашниот тим (71:60) на стартот на последната делница од играта во салата „Младост“. На другата страна парираа екс „гостиварецот“ Костоски, Бродвеј и Николов. Во последната четвртина долго време на семафорот стоеше резултатот (85:71). Како знак дека Гостивар се одбрани и од последниот напад на гостите од Скопје, и победи. На крајот и убедливо, по петти пат во сезоната за држење на приклучок со водечкиот Пелистер.

Ворку реализираше 22 поени, Тодоровиќ запиша 20, Дејли 16, а Ефремовски и Силаџи уште по 10 за домашната екипа. Кај ТФТ, Бродвеј имаше 19 поени, Костоски 13 (и по шест скока и асистенции), Маслинко 11, а Николов уште 10 коша.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Гостивар – ТФТ 89:75

Работнички – Навико Академија ФМП 91:68

Недела

19.00: Куманово 2009 – Кожув

19.30: Еуро Никел 2005 – Феникс 2010

16 ноември

15.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер

18.30: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром

Табела: Пелистер 12 бодови, Гостивар 12, ТФТ 12, Работнички 12, МЗТ Скопје Аеродром 11, ФМП Академија 11, Феникс 9, Кожув 8, Еуро Никел 7, МЗТ Скопје Уни Банка 7, Куманово 7, КК Ангели 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот