Гости нападнале келнер на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи

Келнер бил физички нападнат од гости на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи за работа на угостителски објекти, соопштија денеска од СВР Куманово.

Настанот се случил вчера во игротека во кумановската населба „Гоце Делчев”.

– Во 16: 30 часот во СВР Куманово, Б.З.(26) од Куманово пријавил дека на 10.01.2021 во игротека во населбата „Гоце Делчев”, каде што работи како келнер, додека се одржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. – организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата. Според пријавувачот, причина за нападот е затоа што ги предупредил поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот