Господски потег на Ајакс (ФОТО)

Френки де Јонг денеска и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Барселона, а неговиот поранешен клуб, Ајакс направи неколку потези со кои ги освои симпатиите на фудбалските фанови.
Холандскиот шампион закупи по една страна во највлијателните и најтиражните каталонски весници, како „Ел мундо депортиво“ и „Спорт“ на кои пишуваше „Барселона, уживај во него“.

Откако ги помина лекарските прегледи и прашање на минути се кога Де Јонг ќе се претстави пред навивачите на Барселона, Ајакс повторно стапи на сцена. Тие специјално изнајмија автобус кој ќе вози низ улиците на Барселона, а на него е ликот на Френки де Јонг и пишува „Барселона, уживајте во иднината како и ние“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот