„ГОСПОДИН НИКОЈ“, нов кандидат за претседател на Хрватска (ВИДЕО)

Анонимен гејмер од Нин кој себеси се нарекува „Господин Никој“, на Јутјуб ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска, а лицето на снимката го заматил, со цел да остане „никој“.

Тој во соопштение за медиумите навел дека како „најпозитивен политичар според изборот на граѓаните“ одлучил да и се обрати на јавноста преку Јутјуб и да се кандидира за претседател, пренесува Н1.хр.

„Никој“ наведува дека одлучил да се вклучи во кампања за претседателските избори под слоганот „Ја ресетираме Хрватска“, а неговата главна цел е да ги разбуди младите и да обрне внимание на нивните проблеми.

– Иако овластувањата на претседателот с еограничени, сметам дека низ денешните канали на комуникација претседателот може и мора да врши притисок врз Владата и Парламентот за да се спроведуваат мерки кои, меѓудругото, би имале за цел спречување на демографска катаклизма. Веќе со месеци господин Никој е еден од најпозитивните политичари во Хрватска и е на самиот врв според симпатиите на граѓаните. Поттикнат од својата популарност, господин Никој смета дека е негова должност и одговорност да се кандидира за претседател на Хрватска – рече господин Никој.

„Никој“ вели дека е хардкор гејмер, вљубеник во алпинизмот и качувањето, како и дека се залага за културата на паметните градови. Тој е роден во Нин, има сопруга и син.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот