„Господар на прстените“ ќе биде најскапата серија во историјата

принтскрин

Подготовките за снимањето на серијата мотивирана од трилогијата на Џ.Р.Р. Толкин – „Господарот на прстените“ се пред самиот крај, откако од Амазон прајм објавија дека сцените ќе се снимаат на Нов Зеланд.

На оваа островска држава беа снимени и трите продолженија од филмската адаптација на „Господарот на прстените“, ремек-дело на новозеландскиот режисер Питер Џексон.

До пред самиот крај продукцијата се двоумеше помеѓу Шкотска и Нов Зеланд, но на крајот се одрбрани три локации во близина на Оукленд, каде што веќе постои инфраструктура користена во снимањето на филмовите.

Оваа серија во моментов има буџет од 1,3 милијарди долари и се очекува да биде најскапата на сите времиња. За првата сезона се предвидени 10 епизоди, кои ќе траат по 50 минути. Очекувањата на инвеститорите од Амазон се огромни, а веќе се појавуваат коментари дека серијата ќе биде проектот кој интернет-платформата на оваа компанија ќе ја вивне во редот на Нетфликс и ХБО ГО, кои во моментов имаат најголем број претплатници во светот.

Според тоа што е засега објавено, тематиката на серијата ќе биде фокусирана врз младешките денови на Арагорн, кој пред да стане член на „дружината на прстенот“, служи во редот на ренџерите од Северот, кои се во постојана борба со слугите на Саурон.

Една од работите на кои сценаристите ќе мораат да внимаваат е тоа што тие нема да можат да менуваат ништо, што претходно е напишано од авторот. Од фондацијата „Толкин“, се апсолутно децидни дека ќе го забранат емитувањето на епизодите, доколку се косат со тоа што славниот англиски автор го има напишано пред повеќе од 100 години.

Со исклучок на неколку актери, сè уште не знаат детали за продукцијата, ниту пак е објавен датумот на кој ќе започне снимањето на сцените. Од бројни извори се наведува дека во текот на снимањето можно е буџетот да се зголеми и да ја надмине моменталната рекордна сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот