„Господ постои, името и е Петрунија“ ќе патува на седум фестивали

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во јуни ќе патува на седум фестивали низ целиот свет. Во Франција филмот досега го видоа 32.000 луѓе и Петрунија влегува во седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали.

Како што соопштува продукцијата Митевски, филмот ќе започне со проекција на Кино Изола во Словенија, пропратено со предавањето од Данијел Хочевар, нашиот ко-продуцент, за начинот на кој е создаден филмот со пет земји во копродукцијата. Од Изола, Петрунија продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14 до 22 јуни.

– На престижниот Сиднеј Филмскиот фестивал заедно со австралиски дистрибутер ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во конкуренција со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник Паразит. На 29 јуни филмот ќе биде прикажен на Еденбург Филмскиот фестивал – соопштува продукцијата Митевски.

Филмот ќе биде прикажан во Брисел на Интернационалниот филмски фестивал на 28 и 29 јуни во главната конкуренција, во јуни на фестивалот во Германија во Манхајм, а во јули и август во кино дистрибуцијата во Белгија. Во јуни Петрунија ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студентски фестивал во светот во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот