Гошаревски за Ресен: Тешки денови за земјоделците, но за среќа овој период добро оди пласманот на јаболкото

-Засега немаме заразени лица, имаме само четири лица кои се во карантин. Добро се држиме и се надевам дека вака и ќе продолжиме. Сите институции одлично се справуваат со ситуацијата. Сакам да упатам и благодарност до сите жители на општината, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Иако ова е тежок период за земјоделците, сепак пласманот на јаболката оди добро.

-Ресен е овоштарски крај и овој период има значителни активности. За сега добро се водиме со сите протоколи кои се зададени од страна на Владата. Тешки денови се за земјоделците, но за среќа овој период добро оди пласманот на јаболкото, вели Гошаревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот