Гошаревски: Болницата во Отешево и Здравствениот дом во Ресен ќе се пренаменат за пациенти со ковид-19

Состојбата со коронавирусот на територијата на општина Ресен е релативно добра, оцени градоначалникот Живко Гошаревски, кој раководи со Општинскиот кризен штаб.

Во моментот во Ресен активни се 93 случаи, од кои дел се хоспитализирани, а останатите се на домашно лекување.

– Кризниот штаб при Општина Ресен постојано ја разгледува состојбата со коронавирусот и ги презема сите мерки и одлуки кои се носат. Согласно одлуката на Министерството за здравство правиме подготовки за модуларна болница, каде ќе се лекуваат позитивните и суспектни пациенти од Ресен, истакна Гошаревски.

Доколку се оддолжи постапката за монтирање модуларна болница, тој информира дека како алтернатива се разгледува специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација во Отешево каде има околу 60-70 легла.

– Имав состанок со директорите на болницата во Отешево и Здравствениот дом да се пренаменат простории да се приспособат за медицински услуги за лица позитивни на ковид-19, бидејќи капацитетите на болниците во Охрид и Битола кои се Ковид центри се речиси исполнети, изјави Гошаревски за МИА.

Тој нагласи дека во училиштата каде се одвива настава со физичко присуство дека се води сметка на хигиената и постојано се дезинфицираат просториите.

– Училиштата што работат со физичко присуство, наставата се одвива нормално. Континуирано даваме заштитни средства и маски за учениците, рече градоначалникот и координатор на Кризниот штаб во Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот