Горивото во регионот е најевтино во Македонија, а најскапо во Грција

Фото: Архива на „Слободен печат“

Во сезона на годишни одмори и патување на море, цената на горивото е една од битните ставки при планирање на летниот буџет. На возачите им се советува на пат да тргнат со полн резервоар, но бидејќи цените во околните земји се разликуваат, не е лошо да се знае како да се „темпираат“ посетите на бензиските станици.

Најевтино гориво во регионот има Македонија со 1,08 евра, пред Босна и Херцеговина со 1,10 евра. Во Србија изнесува 1,29 евра, во Хрватска е 1,35 евра, додека најскапо гориво во регионот има Грција со 1,61 евра.

Македонија има најевтин евродизел во регионот но и во Европа, каде возачите може да го купат за 0,98 евроценти по литар, а потоа следува БИХ со 1,08 евра. Во Црна Гора евросуперот 95 изнесува 1,29 евра по литар, додека дизелот е на 1,21 евра. Во Грција литар дизел се продава по 1,39 евра.

За полн резервоар кој во просек има околу 50 литри, во Македонија ќе платите 54 евра, во БИХ 58,5 евра, додека во Србија ќе платите 63,5 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот