Горица го торпедира Вардар

Фудбалерите на Вардар се поразени со високи 3:0 од екипата на Горица на подготовките во Словенија.

Победникот беше познат уште во првиот дел во кој словенечкиот тим постигна два гола, првиот беше дело на Ндаје во 5. минута, додека во 10. минута Ловриќ зголеми на 2:0.

Во вториот дел, Вардар одигра нешто подобро, но повторно покажа дека одбраната засега е ранлива, а нападот неубедлив. Во 60. минута преку Бабец противникот го постави конечниот резултат.  Вардарци имаа свои шанси но обидите на Ибиши, Мицевски и Брдаровски останаа неискористени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот