ГОРИ ТАНКЕР ВО НОРВЕШКА: Полицијата го евакуираше екипажот, пробува да се справи со огнот

фото: ЕПА

Норвешката полиција соопштила дека заради претпазливост ги евакуирала луѓето од пристаништето кога било пријавено дека од еден од танкерите за нафта се шири чад.

Полицијата на својот Твитер профил напишала дека членовите на бродот „Дубаи Хармонија“, кој плови под знаме на Либерија, помогнале на пожарникарите да се справат со пламенот.

Портпаролот на полицијата, Бјарте Ребнорд рекол за норвешката новинарска агенција НТБ дека постојат „извештаи за пламен и чад, но дека е воспоставена контрола над ситуацијата“. Ребнорд рекол дека на танкерот биле 23 членови на екипажот, а околу 106 луѓе биле евакуирани.

Норвешка со својата крајбрежна нафтена инсталација е еден од најголемите светски извозници на нафта и плин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот