Гори стан во Куманово, десет пожарникари го гаснат пожарот

Пожар избувна во еден стан во зграда лоцирана на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада”  во Куманово.
Од територијалната противпожарната единица од Куманово информираат дека пожарот кај нив бил пријавен во 15:55 часот.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на терен се две противпожарни единици со десет пожарникари кои во моментов го гасат пожарот.
Од Итна помош во Куманово потврдија дека нивна екипа, исто така е на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот