Гори Сибир, руските пожарникари гасат 147 шумски пожари

Пожари во Русија/ Фото: Youtube Screenshot RT

Руските пожарникари во изминативе 24 часа изгаснале пожари на подрачјата со површина од речиси 332 илјади хектари, а во тек е акцијата за гаснење на пожарите кои зафатиле 303 илјади хектари, сооптија од руската служба за заштита на шумите, пренесува ТАС.

„Според податоците на регионалните служби за заштита на шумите, 115 пожари кои зафатија 331,938 хектари беа згаснати во Русија во минатите 24 часа“ се вели во соопштението на службата.

Најголем број на пожари се забележани во регионот Саха (Јакутија) каде се активни 23 пожари на површина од 233,464 хектари. 11 пожари се активни во областа Иркутск, а 49 во Свердловск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот