Гори погон за мебел во Струмица

Патот кон погонот е блокиран од полициски службеници, а пожарникари со неколку противпожарни возила го гаснат пожарот.

Пожар утрово избувна во погон за производство на мебел лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш пред местото Ракиџиски мост.

Патот кон погонот е блокиран од полициски службеници, а пожарникари со неколку противпожарни возила го гаснат пожарот, кој може да се забележи од поголема далечина.

Засега нема информации за повредени или загинати лица, како и за причините за пожарот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот