Гори на островот Хвар: Едно лице загина во пожарите во Хрватска

ФОТО: Архива Хрватски канадер

Денес, околу 13 часот избувнал голем пожар во густа борова шума меѓу Врбањ и Дол на островот Хвар во Хрватска, јавуваат регионалните медиуми. Според новинските извештаи во 13.40 часот, пожар избувнал и кај Застражишќе, а пожарникарите побарале помош од канадери кои пристигнале и учествуваат во гасењето. Засега медиумите пренесуваат дека неофицијално едно лице го загубило животот во пожарите.

Хрватското министерството за одбрана на својот официјален профил на Твитер објави дека испратило два канадера.

„Интензивно го следиме пожарот преку системот за надзорни камери, немаме информации за директна закана за објектите“, изјавил началникот на пожарната жупанија Иван Ковачевиќ, пренесува Јутарњи лист.

Според него во гасењето на пожарот се вклучени сите капацитети на островот.

Во моментов нема официјални информации за загрозени објекти, но според снимките и фотографиите се гледа дека гори во близина на куќите.

ФОТО: Пожар во близина на Хвар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот