Гори Галичица на албанската страна на Преспа

Пожар на Галичица. / Фото: професор Дејан Трајковски

Густа букова шума на Галичица гори на територија на соседна Албанија.

Пожарот е забележан од локалното население, кое стравува од негово проширување на македонска страна, на територија на Националниот парк Галичица.

Од ЦУК информираат дека во моментов пожарот се шири на албанска територија и дека се одвиваат активности за негово гаснење.

Пожарот е проширен на два километра од нашата граница, но се набљудува од страна на локалните спасителни служби и дронови на Црвениот Крст за да се спречи негово евентуално проширување, велат надлежните од Центарот за управување со кризи.

Поцелосни информации се очекуваат кон крајот на денот.

 

Видео на денот