Гори депонија во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Фото: Profimedia

Голем пожар избувна кај депонијата во Шуто Оризари, објави ТВ21.

Новинарските екипи на овој медиум во моментов се наоѓаат на лице место и директно известуваат оттаму.

Соговорникот кој даде изјава за ТВ 21 вели дека овој проблем се проткајува неколку години, тој упати апел до надлежните органи да го решат овој проблем.

-Ова е реален проблем на градот Скопје, ние како жители на Визбегово имаме реагирано на повеќе места, Општина Шуто Оризари, Општина Бутел, Град Скопје,  Народниот правобранител и други институции, сите се добро запознаени со овој пробем, имаше ветување дека ќе се реши ова, но еве ја гледате ситуацијата- вели соговорникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот