Гори автомобил после Гевгелија на автопат за Грција, сообраќајот во прекин

фото: тв21

Автомобил од засега непознати причини се запали и се уште гори после Гевгелија на автопатот за Грција, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите од терен, нема повредени лица бидејќи веднаш го напуштиле автомобилот откако избувнал пламен.

Сообраќајот е во прекин во овој правец, а на лице место увид изврши полиција, присутни се противпожарни екипи и екипа на брза помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот