Ѓоргова: Цените на стоматолошките услуги неминовно ќе растат (ВИДЕО)

Работиме во рестриктивен режим, само со неопходни интервенции. Генерално мерките за претпазливост и пред КОВИД-19 се практикуваа. Сега е поразлично што изменет е редот во чекалните, пациентите ги закажуваме на поголемо временско растојание. Пополнуваат анкетен лист и потпишува согласност дека е свесен дека се работи во услови на коронавирус, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Ана Ѓоргова, стоматолог.

Пораст на цените на стоматолошките услуги.

-Некои работи можат да се одложат (естетските интервенции на забите), но има и зафати кои не можат да чекаат. Сега и децата се запишуваат во прво одделение, па апелирам да се прифатат потврдите и од приватните стоматолози за да се избегнат гужвите во останатите ординации. Цените на услугите неминовно ќе растат, поради дополнителните трошоци кои ги имаме, вели Ѓоргова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот