Ѓоргиев: Знаев дека можеме да ја победиме Словенија

Капитенот Никола Ѓоргиев повторно беше лидер на репрезентацијата во победата над Словенија од 3:1. По неколкуте порази во Европската лига, конечно дојде време за наплата на долгот, и тоа на најубавиот можен начин, среде Љубљана.

– Брат, виде ли како ги тепавме среде Словенија. Двапати ги водевме 2:1 во сетови и на крајот загубивме со 2:3, но сега тоа се врати. Ние имаме срце како планина. Како минуваше времето, знаев дека ќе играме уште подобро. Ние можеме, ние знаеме и никогаш не губиме и не играме лошо во одлична атмосфера. Многу сум среќен, сакав да заплачам, но немам солзи од замор. Ова е најдобриот натпревар и психички најтешкиот за нас. Едноставно немаше слаб играч во нашата репрезентација – изјави капитенот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот