Ѓоргиев: Противникот не е спортски, заедно можеме повеќе и подобро! (ВИДЕО)

фото/принтскрин/твитер/vfmkd.mk

Еден од нашите најдобри одбојкари апелира во борбата против коронавирусот да бидеме сложни, одговорни и да ги следиме препораките на институциите.

Многу спортски натпреварувања се одложени поради епидемијата на коронавирусот, а помеѓу нив се и одбојкарските.

Еден од најдобрите македонски одбојкарски репрезентативци, Никола Ѓоргиев е исто така свесен поради опасноста со која се соочуваат луѓето во светот, па така со маска на лицето имаше порака до сите:

– Здраво на сите, јас сум капитенот Никола Ѓоргиев, ве поздравувам во името на македонската одбојкарска репрезентација. Во овие тешки услови во светот, сакам да апелирам да бидеме сложни, одговорни и да ги следиме препораките на институциите. Само така брзо можеме да го поразиме коронавирусот и да го вратиме животот во нормален тек. Ние спортистите сме навикнати на карантини, но оние спортските, со цел за подобрување на нашите резултати. А овој е здравствен карантин и можеби побитен од сите други досега.

Противникот не е спортски, но убеден сум дека сите заедно ќе создадеме победнички дух и ќе ја надминеме оваа закана. Верувајте во тоа и наскоро се гледаме на одбојкарските терени, бидејќи нè очекуваат Златната европска лига и квалификациите за Европско првенство. Заедно можеме повеќе, заедно можеме подобро – се зборовите на нашиот одбојкар преку видеото кое беше објавено од страна на Одбојкарската федерација на Македонија на својата фејсбук страница.

Како што и најави Ѓоргиев, ќе играме и во Европската златна лига во група со Чешка, Турција и Португалија.

Нашиот репрезентативец во текот на минатата година ја водеше Македонија на своето прво Европско првенство. Во квалификациите за наредното ЕП 2021 ќе се соочиме со Турција, Данска и Босна и Херцеговина. На континенталниот собир ќе се ајдат првопласираните седум репрезентации од секоја група и петте најдобри втори.

Воедно во Европската лига со селекцијата успеа трипати да го освои сребрениот медал, а во текот на клупската кариера ги бранеше боите на ОК Раднички Крагуевац, Форли, Пили Пијанго, Париз Волеј, Тореј Ероус, ОНИКО Варшава, а од 2018 година и член на Осака.

Во текот на вчерашниот ден се огласи и еден од најдобрите македонски ракометари, Кирил Лазаров од Нант, Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот