Ѓорѓиев: Признавам дека Данците беа одлични, но ние им „помогнавме“!

Фото: vfmkd.mk

Македонските одбојкарски репрезентативци во Струмица загубија од Данска со 3:0 (25:21, 25:23, 26:24) во третото последно коло од првиот турнир во групата „А“ од Европската сребрена лига 2021.

Противниците сервираа извонредно, го оптоварија нашиот прием, постојано бевме во грч, не можевме да организираме напад, блокот на ривалот ја заврши работата, а младите дански одбојкари имаа голема самодоверба и ја решетаа нашата немоќна одбрана.

Тажен сум поради поразот, мора да изанализираме добро и да почнеме да се поправаме. Не сакам да ни се случи 2018 кога губевме во група и дојдовме на завршниот турнир со мала самодоверба. Сега треба да одиме во Данска да се реваншираме, а за да го сториме тоа, ние мора да ја играме основната игра. Признавам дека тие сега беа одлични, но и ние им помогнавме – изјави капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓорѓиев.

Според првите три кола, Данска има значително поголеми шанси затоа што е и домаќин на вториот турнир од петок до недела во Шлагелсе, а таму првиот меч нашите одбојкари ќе го одиграат токму со Данците.

Амбициите на составот на селекторот Никола Матијашевиќ ќе биде да се достигне вистинската форма за учеството на завршниот турнир на кој ние сме пласирани без оглед на резултатите од првиот и вториот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот