Ѓоргиев: Придавката „македонски” останува во записниците на Мешовитата комисија

 Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува професор Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим историчари во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.

Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е постигнат на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

Прочитајте и...  Марш за женски права – „Држава што не постапува е држава што силува"

Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите. При тоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба. Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор и согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот, тука да се применува тој договор. И не станува збор за апсолутно целосно не употреба на придавката македонски . Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација,.. Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот, истакна меѓу другото професор Ѓоргиев.

На вчерашната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок. Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот.

Прочитајте и...  Многу заразени во Куманово, отворена модуларната ковид болница

Во периодот до наредната редовна средба,во полн состав, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

Поврзани вести

Македонија има шест градоначалнички и четири министерки, а никогаш немала премиерка или претседателка

Тадиќ: Конференцијата на Вучиќ е кулминација на бизарноста и политичката патологија

Слободен печат

Обвинет во случајот „Тортура“ објасни како бил лишен од слобода Љубе Бошкоски

Слободен печат

Во Албанија загрижувачки раст на младите меѓу новозаразените со ковид-19

Слободен печат

ОЈО активно постапува за утврдување кривична одговорност за групите „Јавна соба“

Слободен печат

Американска студија: Лековите против холесторол ја намалуваат смртноста од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар