Ѓорѓиев: Покорисно е да се даде личен придонес во научната дискусија одошто да се споделуваат еднострани политички толкувања и желби

Многу покорисно е да се даде личен придонес во научната дискусија во рамки на Комисијата одошто јавно да се споделуваат еднострани политички толкувања и лични желби, изјави Драги Ѓорѓиев, копретседавач од македонска страна со мешовитата македонско-бугарска комисија за Радио Слободна Европа (РСЕ), како одговор на ставот на Ангел Димитров, копретседавач со Комисијата од бугарска страна, кој ги обвини македонските колеги дека прават се за да не се случи напредок.

– Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо, рече Ѓорѓиев за РСЕ.

Мешовитата македонско-бугарска комисија утре и задутре ќе има нова средба на која Ѓорѓиев очекува професионален и академски однос од членовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот