Ѓоргиев оптимист: Прв меч со Финска, одиме на победа! – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоргиев оптимист: Прв меч со Финска, одиме на победа!

Сè е насочено кон дебитантскиот настап на најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација на Европските првенства, во овој случај континенталниот собир кој што ќе се одржи во четири земји.

Групната фаза избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ настапот во групната фаза ќе го имаат во Љубљана (Словенија) каде што веќе се наоѓаат, откако претходните денови тренираа во Марибор.

Денеска медиумите имаа средби со сите селектори и капитени на селекциите кои што ќе играат во групата Ц, домаќинот Словенија, Турција, Финска, Белорусија и актуелниот европски шампион Русија.

Секако во нашата селекција капитенската улога ја има еден од нашите најдобри репрезентативци, Никола Ѓоргиев. Дуелот Македонија-Финска е в четврток (12 септември) од 17.30 часот во арената „Стожице“.

– Никогаш не сме играле против Финска. Секако, од видеа ги гледавме нивните натпревари. За нас, ова е одличен меч, првиот на Европско првенство. Секако одиме на победа. Тренинзите кои ги имавме досега како подготовка за ЕП поминаа поразлично. Тие беа добри и лоши. Во текот на подготовките имавме неколку повреди, но сега во последните две недели се комплетиравме и нашето ниво се подигнува. Верувам дека сме подготвени за утрешниот дуел. Најдобар дел од тимот е заедништвото, силни сме како тим – рече Ѓоргиев.

И самите фински одбојкари се свесни дека најголемата опасност ќе доаѓа од Ѓорѓиев, а тоа го вели капитенот на Финска, Ееми Тервапорти.

– Ги гледавме Македонците преку видео, и имаат еден добар играч во Ѓорѓиев кој реализира 60% од поените во текот на мечевите. Мораме да го контролираме натпреварот, но и Ѓорѓиев – вели Тервапорти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close