Ѓоргиев: Момците имаат срце како планина

фото:cev.eu

Капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓоргиев, кога беше најпотребно го одигра најдобриот натпревар на ЕП. Капитенот во победата над Белорусија оствари дури 37 поени со кои имаше огромен удел во историската победа на Македонија.

– Ова дефинитивно беше најважниот меч во кариерата. Многу сум среќен, ова за мене е историја. Ова е моја екипа, јас сум капитен и сите заедно успеавме да оствариме историски триумф. Бев тажен по поразите од Финска и од Турција бидејќи не го покажавме вистинското лице на тие натпревари, иако знаев дека можеме и нив да ги победиме.

Имаме сила, имаме срце и ова е величествено. Остваривме голема победа.
Честитки до сите одбојкари, момците имаат срце како планина. Благодарност за поддршката која ја добиваме од навивачите, голем поздрав до цела Македонија и бидете утре повторно со нас – вели капитенот Ѓоргиев.

Утре одбојкарите ги очекува пресметка со домаќинот Словенија која е добро познат ривал.

– Убеден сум дека ќе одиграме одлично. Како поминува времето на ЕО, ние ја подигнуваме формата. Словенија добро ја познаваме, сме одиграле многу натпревари против нив, и иако не победиле повеќе пати, ние секогаш сме играле одлично. Така ќе биде и утре, ние одиме на победа – најавува капитенот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот