Ѓорѓевиќ: Вучиќ го предаде енергетскиот систем на Србија во рацете на Голема Албанија

Претседателот на движењето „Ослободување“ Млаѓан Ѓорѓевиќ оцени дека претседателот на Србија Александар Вучиќ „го предал целиот енергетски систем на Косово и Метохија во рацете на Голема Албанија“, што претставниците на Приштина може во иднина да го користат за вршење притисок врз Србите на северот од Косово.

Тој во авторски текст за руската новинска агенција Регнум наведе дека тоа значи дека струјата до српските домаќинства „повеќе нема да доаѓа од централна Србија, туку од далекуводите од Албанија“, откако КОСТТ е дел од единствениот албанско – косовски енергетски блок, соопшти денеска ова движење.

„Не се работи овде само за предавање на имот вреден милијарди долари во кој Србија со децении вложувала, туку за овозможување на Албанците да го користат снабдувањеето со електрична енергија како средство за притисок на локалните Срби, преку наплата и исклучување на струја“, рече Ѓорѓевиќ.

Тој оцени дека многу европски земји, кои ги окарактеризира како „спонзори на косовската независност“ се „радуваат на ваквиот чин“ зошто во него гледаат економска корист, а дека политичарите во Приштина и Тирана претходните денови „отворено славеа стекнување на енергетска независност“.

Претседателот на „Ослободување“ смета дека одговорните функционери во Србија молчат за оваа тема, дека од домашната јавност се „кријат информации за новото предавство“ како и дека „продолжува срамната трговија со Косово и Метохија и косовските Срби“.

„Вучиќ и неговиот режим во оваа трговија дадоа се, а не добија ништо за Србија. Добија единствено повластици за себе, да крадат и да ги угнетуваат политичките противници. Овој потег е уште една цигла во кулата на предавство која Вучиќ ја ѕида уште од 2012 година и за неа, оној момент кога Србија ќе биде повторно слободна ќе мора да се одговара“, наведе Ѓорѓевиќ.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот