Ѓорѓевиќ: Квалитетот на СП е висок

https://twitter.com/FIBAWC

Селекцијата на Србија, очекувано по првите две кола има две победи, а селекторот Александар Ѓорѓевиќ полека се подготвува за втората фаза каде го очекуваат далеку потешки натпревари. Тој пред новинарите ги анализираше останатите фаворити за висок пласман.

– Шпанија ја покажа силата како и секогаш, Литванија е фантастична во првите два натпревари. Франција оствари голема победа во првото коло, а Кина загуби во луд натпревар Полска која за мене е пријатно изненадување. Аргенитна има двајца одлични бекови играат фантастична кошарка, а притоа ги имаат најдобрите навивачи на СП досега.

Кошаркарите на САД на почеток ќе имаат проблеми поради поинаквите правила на ФИБА, видовте дека не можеа да се снајдат кога Чешка одигра зонски пресинг против нив. сево ова е доказ дека квалитетот на СП е висок – вели Ѓорѓевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот