Гордоста на Милан и Интер во легенда, Црвена звезда има чест уште еднаш да го почувствува „Сан Сиро“!

Неверојатен интерес за мечот Милан - Аталанта/Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Големи емоции кај жителите на Милано носи овој легендарен фудбалски стадион…

Вечерва од 21.00 часот ќе се игра реванш натпреварот од 1/16 финалето во Лига Европа помеѓу Милан и Црвена звезда, првиот меч во Белград заврши нерешено 2:2.

Според најавите познатиот стадион „Џузепе Меаца“ на Сан Сиро наскоро ќе биде срушен и на негово место ќе се гради нов и помодерен објект. Така барем замислија раководствата на Милан и Интер, доколку ситуацијата со ковид-19 не ги спречи во нивните намери.

Целиот проект за изградба на стадионот ќе чини 1,2 милијарди евра, а капацитетот на новиот објект ќе биде 60 000 луѓе. Италијанското министерство за култура изнесе мислење дека стадионот „нема културолошка вредност, затоа што првобитниот проект на градба датира од 30-тата година од минатиот век, потполно изменет со надградбите и проширувањето на објектот во 50-тите, а потоа и во 90-тите, а со оглед на тоа што овие интервенции не се постари од 70 години, стадионот не може да биде заштитен како архитектонско добро“.

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, кој се бореше за зачувување и реновирање на стадионот, сега ќе мора да им даде зелено светло на Милан и Интер на нивниот предлог за нов проект.

Како што информираат луѓето кои работат на стадионот, без оглед дали се симпатизери на Милан или Интер, на сите ќе им биде тешко рушењето на овој прекрасен објект. Некои од нив исто така се надеваат дека коронавирусот може да ги запре работите, затоа што италијанската економија доживеа крах.

Овој стадион предизвикува големи емоции кај жителите на Милано, Милан беше седумпати европски првак, а Интер три пати, со неколку домашни и меѓународни трофеи, генерации и генерации кои пораснаа со овие два европски фудбалски гиганти. Милан и Интер заедно го користат стадионот 73 години..

– Знаете, на овој стадион одеше дедо ми, мене ме носеше. До минатата година и јас доаѓав со мојот син. Ќе ми биде тешко доколку го срушат. Сè уште имам надеж дека тоа нема да се случи – вели еден од вработените во обезбедувањето на стадионот „Џузепе Меаца“ кога беше прашан за мислење во врска со уривањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот